6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно време со врнежи од дожд, од понеделник заладување

Облачно време со врнежи од дожд, од понеделник заладување

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни, особена во јужните и западните делови. До крајот на денот врнежите ќе се преместуваат кон истокот. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, на северот ветерот ќе е североисточен.

Температурата ќе се движи од 8 до 13 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб североисточен ветер, а врнежите попладне ќе престануваат.

Температурата до 10 степени.

Под влијание на циклонска активност и денес ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Во текот на денот врнежите ќе се преместуваат кон исток. Утре врнежите ќе бидат поумерени и претежно во источните делови, а во недела слаби и локални. Од понеделник со засилен северен ветер ќе има позначително заладување со врнежи од дожд и снег кој освен на планините ќе се појави и на повисоките места особено на север и на запад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП