7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради дефект без парно центарот на Скопје

Поради дефект без парно центарот на Скопје

Жителите на централното градско подрачје до пладне ќе останат без парно греење поради дефект.

„Поради санација на дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топланата Исток што води кон строгиот центар на градот, корисниците во овој реон утрово се без греење. Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен и забрзано работат на саниција на проблемот“, соопшти БЕГ.

Од компанијата додаваат дека според проценката се очекува во најбрз рок, за 2 часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија.

Греењето се очекува да се стабилизира околу пладне. За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП