9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТешки разговори за даночното затајување

Тешки разговори за даночното затајување

eu2

Лидерите на ЕУ денес на самитот во Брисел ќе разговараат за борбата против даночното затајување, која европскиот блок го чини трилиони евра годишно, но шансите Австрија и Луксембург да се согласат со предложениот договор не се големи.

Коментаторите наведуваат дека поголемиот дел од учесниците се надеваат на склучување договор за борба против даночното затајување и поефикасно користење на енергијата, но не може да се игнорира чувството на евроскептицизмот, кое се должи на зголемената невработеност и економската стагнација низ ЕУ.

„Во време на буџетско затегнување и намалување на трошоците, борбата против даночната измама и даночното затајување е многу поголемо прашање од прашањето за даночната праведност“, изјави претседателот на самитот Херман Ван Ромпеј во писмото до лидерите на европскиот блок.

Тој додаде дека борбата за транспарентност „стана суштинска за политичката и социјалната прифатливост на фискалната консолидација“, пренесува агенцијата АФП.

На состанок на министрите за финансии на земјите во ЕУ минатата седмица, Австрија и Луксембург одбија да го потпишат пан-европскиот план кој подразбира размена на податоци од банките меѓу државите. Премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер предупреди дека нов договор нема да биде возможен денес во Брисел.

„Ние сме блиску до решение. Но, постојат забелешки од одделни земји кои се зависни од доверливоста во банките“, изјави еден дипломат на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП