25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпадна цената на нафтата на 55 долари за барел

Опадна цената на нафтата на 55 долари за барел

Цената на американската лесна нафта (ВТИ) денес се спушти на ниво од 55 долари за барел бидејќи трговците веќе не се толку сигурни дека Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и Русија ќе го продолжат договорот за смалување на производството и по март в година.

Цената на нафтата падна 0,3 отсто во Њујорк по падот од 2,5 отсто во претходните две сесии, јави агенцијата „Блумберг“.

Американската нафта ВТИ во декември падна 17 центи, на 55,16 долари за барел, на Њујоршката берза.

Северноморскта нафта „брент“ во јануари поевтини 35 центи, на 61,52 долар за барел, на Лондонската берза.

ОПЕК сè уште не успева да ја убеди Русија дека е потребно да го продолжи договорот за намалување на производството на овој енергент, велат извори запознаени со ситуацијата.

Резервите на сурова нафта во САД се зголемуваат втора недела по ред, а производството се зголеми 9,65 милиони барели дневно, највисоко ниво во повеќе од три децении, покажуваат податоците на владата на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП