7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради поројните дождови поплави и дефекти во Прилеп

Поради поројните дождови поплави и дефекти во Прилеп

Поради обилните врнежи, вчера во Прилеп имаше повеќе дефекти во водоводната и канализациската мрежа со поплавени улици и куќи.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, и директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески, вечерва извршија увид во градежните работи за санација на пукнатата цевка на улицата Кузман Јосифоски – Питу. Според Јанески, дефектот до кој дојде попладнево ќе биде отстранет во текот на вечерта. Јанески додаде дека граѓаните од улицата Кузман Јосифоски – Питу во наредните неколку часа до поправката на дефектот нема да имаат вода.

„Во текот на вечерните часови започнуваме со интервенција за санирање на штетите предизвикани од пукање водоводна цевка Ф-300 на улицата Кузман Јосифоски – Питу. Истовремено, сакаме да ги информираме граѓаните што живеат на оваа улица дека во текот на наредните неколку часа ќе останат без водоснабдување“, изјави Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп.

Јанески потенцира дека поради поројните дождови што го зафатија Прилеп, повеќе места во градот беа поплавени. Вчера екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ имале полни раце работа и успешно се справиле со голем број критични ситуации.

„Во текот на вчерашниот ден, поради обилните дождови што се случија на подрачјето на општина Прилеп, беа поплавени повеќе улици, домаќинства и институции. Сливниците не беа во можност да ги задоволат големите и обилни количества вода што паднаа во Прилеп. Од тие причини ЈКП „Водовод и канализација“ мораше да интервениира на повеќе локации во градот. Пред Економското училиште беа санирани шахтите поради поплавите. Во УЗ Тризла, на улица Дебарца, беше извршен прокоп на одводните канали со соодветна механизација. Исто така, се изврши санирање на дефектите на улиците Цане Коњарец, Цар Самуил, Савка Миновска и Кеј 9 септември“, додаде Јанески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП