Нивото на невработеност во Франција порасна во третиот квартал за прв пат по повеќе од две години, што може да ги зајакне стравувањата дека францускиот пазар на трудот не успева да реагира доволно позитивно на најдобар подем на втората по сила економија во еврозоната, пренесува „Ројтерс“.
Нивото на невработеност се зголемило изненадувачки во периодот јули-септември до 9,7%, откако во вториот квартал се намали до 9,5% (најниско ниво од крајот на 2011-та година), покажуваат податоците на француската статистичка служба „Insee“. Очекувањата на аналитичарите беа невработеноста да се стабилизира на 6-годишното дно од претходниот квартал.
Во исто време невработеноста само во рамките на Франција (исклучувајќи ги задграничните територии) порасна до 9,4% од 9,2% во вториот квартал (најниско ниво од почетокот на 2012-та година), како резултат на зголемувањето на невработените Французи со 62.000 на вкупно 2,7 милиони.
Невработеноста меѓу младите Французи на возраст меѓу 15 и 24 години, сепак предвидува намалување во третиот квартал до 22,4% од 23,2% во периодот април-јуни, но се зголемува меѓу активното население на возраст меѓу 25 и 49 години и меѓу луѓето на над 50 години.
Податоците се удар за Емануел Макрон кој се обидува да изврши длабоки реформи во трудовото законодавство на земјата, за да го направи пофлексибилен пазарот на труд. По јасно изразената победа на изборите кон крајот на мај и почетокот на јуни, неговиот рејтинг на доверба се намали трајно во текот на летото, станувајќи и пред критики од синдикатите, кои го обвинуваат дека со неговите планови ќе се зголеми невработеноста.