8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонесени нови пакет-одлуки за земјоделците (видео)

Донесени нови пакет-одлуки за земјоделците (видео)

На вчерашната седницата Владата донесе неколку одлуки за секторот земјоделство.

Владата донесе одлука за исплата на дополнителна субвенција од два денара за килограм предадено грозје од реколтата 2017 во македонски регистрирани винарски визби и остварено производство на грозје за сопствените потреби на визбите.

За оваа дополнителна субвенција барањата ќе може лозарите да ги поднесуваат до 25 декември.

Владата донесе одлука за дополнителна субвенција од 18.000 по хектар засеана површина со ориз. Барањата за оваа субвенција се веќе поднесени и е во тек нивната обработка од страна на Платежната агенција.

Владата донесе одлука за исплата на отштетите на сточарите кои претрпеа штети од загуба на животни поради болеста чвореста кожа. Износот за исплата е над 15 милиони денари, за 242 сточари. Исплатата ќе почне веднаш откако Платежната агенција ќе ги подготви решенијата, односно крајот на овој месец и почетокот на следниот месец. Отштетата ќе иде 100 проценти од проценетата вредност на угинатото животни.

Преку измени на Програмата за рурален развој, Владата ја усвои програмата за изменување на Програмата за рурален развој, со што се обезбедија средства за комплетна исплата на неповратни 10.000 евра за мерката млад земјоделц, за они кои аплицираа и ги исполнија условите. Оваа мерка е значајна за модернизирање на земјоделството, за руралниот развој, како и за спречување на миграцијата село-град.

Исто така со измените се обезбедија дополнителни 58 милиони денари за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини и рурална инфраструктура.

Со цел обезбедување стручни советодавни услуги за земјоделците, Владата ја усвои Програма за капитални трансфери за невладини организации во областа на земјоделството и рурален развој, која е во склоп на Програмата за рурален развој на МЗШВ, со која се обезбедуваат 30 милиони денари за апликативни проекти за поддршка во процесот на земјоделското производство, подобрување на човечките ресурси во и пренос на знаење за подобро искористеност на програмите од областа на земјоделството и руралниот развој. На овој начин ќе се подобрат советодавните услуги за земјоделците, особено во делот за аплицирање и користење на мерките за директна поддршка во земјоделството, како и за парите од ИПАРД Програмата.

Во делот на рибарството, Владата донесе одлука за продолжување на рокот за достава на барање за финансиска поддршка на апликативни проекти кои ќе овозможат развој на нови пазари и промотивни кампањи. Дополнителниот рок е во периодот од 01.12 до 10.12.2017, а исплатата ќе биде до 25.12.2017. Со оваа измена се овозможува реализација на 1,5 милиони денари во областа на рибарството и аквакултура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП