10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугаревски: Планираме инвестициски циклус во изградба на нови патишта и железници

Сугаревски: Планираме инвестициски циклус во изградба на нови патишта и железници

Плановите за изградба на капитални инфраструктурни проекти што ќе се реализираат во Република Македонија во наредниот период биле презентирани на средбата што министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, ја остварил со претставници на германската компанија „Вибе“, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму соопштуваат дека освен за претстојните проекти, се разговарало и за досегашната соработка меѓу Министерството и компанијата во однос на изградбата на пругата на Коридор 8 каде што оваа компанија се јавува како изведувач. Двете страни изразиле благодарност за досегашната соработка и се обврзале на реализација на проектот на Коридор 8 во рамки на договорените рокови.

Сугаревски ги повикал и сите заинтересирани компании од Германија да пројават интерес за учество на јавните повици за реализација на проектите што се планирани за престојниот период.

„Средбата со претставниците од германското стопанско здружение е повеќе од корисна бидејќи во следниот период планираме сериозен ивестициски циклус во изградба на нови патишта и железници. Во тој контекс ги повикав сите заинтересирани компании да се вклучат во изградбата на клучните проекти за Република Македонија. Имајќи ја предвид нивната големина и искуство, сигурен сум дека ќе понудат квалитет во реализација на проектите”, изјави Горан Сугарески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП