20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на Општина Центар го усвои ребалансот на буџетот за 2017 година

Советот на Општина Центар го усвои ребалансот на буџетот за 2017 година

Советот на Општина Центар го усвои ребалансот на буџетот за 2017 година.

Oд Општината информираат дека измените и дополнувањата на буџетот биле неопходни за да се намалат планираните приходи и расходи. Потенцираат дека одредени предвидени ставки со кои значително се одлевале средства од буџетот ќе се покријат со донации, а пренамената ќе биде за неопходните проекти за реализација и капитални инвестиции.

„Она што го ветивме пред граѓаните ќе биде реализирано. Приоритет ставаме на овозможување најдобри услови за младата популација, а градинките и училиштата ќе бидат реконструирани или градени според европските стандарди. Во овој контекст сакам да ја споменам неопходната реконструкција во сите училишта, изградба на нова градинка во Маџир Маало и, секако, она што е значаен капитален објект за општина Центар, продолжување и финализирање на новото современо основно училиште во Капиштец. Нема да го занемариме ниту партерното уредување, напротив за тоа ќе водиме особена грижа, како и за зголемување на зелените површини, изградба на нови паркови“, рече градоначалникот Саша Богдановиќ.

Општината дополнува дека започнале и со кроење на буџетот на општина Центар за 2018 година, а Богдановиќ најавува дека новиот буџет на општината ќе биде развоен и во него ќе влезат сите проекти кои се од интерес на жителите на општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП