8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се најбогатите претприемачи на секој континент

Ова се најбогатите претприемачи на секој континент

Visual Capitalist, врз темел на спроведени истражувања, креираше сликовит приказ за најбогатите поединци на секој континент. Резултатите би можеле да ве изненадат.

Откако се случи 13 процентиот раст на акциите на Amazon, аналитичарите од Волстрит останаа шокирани со рапидниот раст на компанијата. Податоците за приходите на нејзината е-трговија ги надминаа сите прогнозирани и очекувани бројки во тој квартал. Приходите продолжија да растат, и тоа по 34 процентна стапка. Тоа го донесе првиот замав на богатството на основачот на Amazon, Џеф Безос и го пласираше на позицијата над Бил Гејтс кога станува збор за приходите. Ова е само една од приказните која всушност го направи сега Безоз најбогатиот човек на северноамериканскиот континент.

Ако се прашувате кој уште спаѓа во „клубот на најбогатите“ во светот, ова се резултатите:

– Северна Америка: Јеф Безос, кој тежи 92,6 милијарди долари

– Јужна Америка: Хорхе Паоло Леман, во џебот со 30,8 милијарди долари

– Европа: Амансио Ортега сопственик на познатиот Inditex со 77,8 милијарди долари

– Африка: Алико Данготе кој е тежок 13,7 милијарди долари

– Азија: Мукеш Амбани со 41,9 милијарди долари на сметката

– Океанија: Џина Реинхарт, единствената жена на листата со 16,6 милијарди долари.

Постои исто така и номиниран поединец за Антакрикот, иако таму нема постојани резиденти. Се работи за Арнолд В, Доналд, извршен директор на најголемата светска компанија која се занимава со крстарења. Имено, компанијата редовно во својата светска тура на крстарења го вклучува и овој леден континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП