7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 9 милиони туристи годинава го посетиле Истанбул

Повеќе од 9 милиони туристи годинава го посетиле Истанбул

Повеќе од девет милиони странски туристи го посетиле Истанбул во првите десет месеци од годинава, соопшти Министерството за култура и туризам на Турција врз основа на податоци од аеродромите „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“, како и од пристаништата во Хајдарпаша, Пендик, Тузла, Зејтинбурн, Амбарли и Караќој.

Според тие податоци, Истанбул од почетокот на годинава го посетиле повеќе од 9,1 милиони туристи од странство. Во истиот период 2016 година бројката изнесувала 7,8 милиони.

Само во октомври годинава Истанбул го посетиле повеќе од 1,1 милиони туристи, што е 42 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Податоците од оваа година се приближни на оние од 2015 година кога Истанбул го посетиле 10,7 милиони туристи.

Истанбул најмногу го посетиле туристи од Германија, потоа Иран, Саудиска Арабија, Ирак и Русија. По Русија, според бројот на туристи следуваат Велика Британија, Франција, па Америка.

Забележан е и зголемен број на туристите од Русија во однос на истиот период лани, за околу 64 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП