6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRWE: Раст на добивката во третиот квартал

RWE: Раст на добивката во третиот квартал

Германскиот производител на електрична енергија RWE соопштил дека деветомесечната нето добивка значително пораснала во споредба со истиот период претходната година, најмногу благодарение на подобрите финансиски резултати и рефундацијата на данокот на нуклерано гориво.

Нето добивката за девет месец од тековната година е остварена на ниво од 2,22 милијарди евра, во споредба со 11 милиони евра остварени минатата година. Прилагодената нето добивка, која ги исклучува посебните ставки и рефундација на данокот на нуклеарно гориво, изнесувала 876 милиони евра. Приходите, кои вклучуваат данок на природниот гас и електричната енергија, во првите три квартали изнесуваат 32,39 милијарди евра 2,5 проценти пониско во однос на минатата година.

Компанијата изјави дека остварила поврат на данокот од 1,7 милијарди евра по пресудата на германскиот Уставен суд дека наплатениот данок е ретроактивно неважечки. Исто така, проценката за работењето за цела година е потврдена, а прилагодениот EBITDA показател се очекува на ниво меѓу 5,4-5,7 милијарди евра, додека се планира прилагодена нето добивка во распон од 1-1,3 милијарди евра. На тргувањето во вторник, акциите на RWE регистрирале негативна корекција од 5,6 проценти, намалувајќи се на 21,05 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП