7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Надворешниот трговски дефицит од 800 милијарди долари е неприфатлив

Трамп: Надворешниот трговски дефицит од 800 милијарди долари е неприфатлив

САД ќе се стремат кон фер трговските односи со другите земји, изјави претседателот на САД Доналд Трамп за време на својата прес-конференција во Белата куќа по крајот на азиската турнеја, цитиран од светските агенции.

„Нашите трговски односи со други земји мора да бидат фер и заемно корисни. Фер и заемното корисно тргување е многу важно. Овие два збора „фер“ и „заемно“ се нашата покана кон секоја земја која би сакала да има деловни односи со САД“, истакна претседателот.

„Овие зборови се и предупредување до земјите кои мамат, ги прекршуваат правилата и се занимаваат со економска агресија, како се случуваше во минатото, особено во последниве години. Затоа нашиот надворешно-трговски дефицит со други земји достигнува 800 милијарди долари годишно. Ова е неприфатливо. Ние имаме намера да го намалиме овој дефицит што е можно побрзо“, рече тој.

Според Трамп, ова беше една од целите на неговата турнеја во Азиско-пацифичкиот регион, која траеше речиси две недели.

На самитот на „АТИС“ (Азиско-пацифичка економска соработка) објави дека САД се подготвени да склучат билатерален трговски договор со секоја земја во регионот која сака да биде наш партнер што се подготвува на односи врз основа на взаемна корист, посочи Трамп.

Тој потсети за трансакциите потпишани во Јапонија, Јужна Кореја и Кина, како и договорот постигнат на средбата на „АТИС“ во Виетнам да се бараат реформи во Светската трговска организација.

Американскиот претседател истакна дека имал искрен разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг за трговскиот дисбаланс меѓу двете земји и рече дека „САД повеќе нема да толерираат неправедни трговски практики кои ги крадат американските работни места, богатство и интелектуалната сопственост“.

„Деновите кога ја искористија САД се завршени“, рече Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП