1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали дојде време ЕЦБ да ги менува мерките?

Дали дојде време ЕЦБ да ги менува мерките?

Подобрите перспективи во економијата на еврозоната ја оправдуваат измена на мерките на Европската централна банка (ЕЦБ), оцени денес член на Управниот совет на ЕЦБ Ардо Хансон.

„Посигурните перспективи за реална економија отвораат одреден простор за размислување, но и очигледна реалибрација на монетарните мерки“, изјави Хјустон на една конференција за банките, која ја организираше швајцарската банка UBS, пренесува агенцијата Ројтерс.

Хансон, кој ја застапува Естонија во ЕЦБ и се смета за еден од борбените заговорници за промена на каматните стапки, додава дека „светот изгледа се подобро“, нагласувајќи дека економијата на еврозоната бележи „силен“ раст, додека инфлацијата скромно се зголемува.

Претходно овој месец ЕЦБ ги претстави плановите за намалување на својата програма за поттикнување од почетокот на следната година на 30 милијарди евра месечно од сегашното ниво од 60 милијарди. Тој ангажман ќе се спроведува до септември 2018 година, додава британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП