1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата и официјално донесе одлука за зголемување на дизел горивото, граѓаните ќе...

Владата и официјално донесе одлука за зголемување на дизел горивото, граѓаните ќе плаќаат 3,5 денари поскапа нафта

На синоќешната седница Владата го усвои предлогот за зголемување на висината на акцизата за дизел, соопшти владината служба за информирање. Мерката пред две недели ја најави министерот за финансии Драган Тевдовски.

Со измената на Законот за акцизи се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари.

Ќе се зголеми акцизата за нафта за 3 денари по литар, односно цената на дизел горивото со ДДВ за 3,5 денари. Со ова зголемување на акцизата за нафта да се зголеми приходот во буџетот за 1,6 милијарди денари, а од ДДВ од продажба на дизелот приходот да се зголеми за 350 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП