13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денеска облачно со врнежи од дожд

Времето денеска облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во северозападните, централните и југоисточните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе се движи од 7 до 11, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет, а повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 7 до 10 степени.

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни. Во петок во југозападните делови ќе има пообилни врнежи. Од утре до сабота локално се очекува да наврнат уште над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има опаѓање на температурата и повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места и врнежи од снег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП