18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се продлабочува царинската соработка со Република Франција

Ќе се продлабочува царинската соработка со Република Франција

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, одржа работна средба во просториите на Царинската управа, со царинското аташе на Република Франција, Пиер Бујон.

За време на состанокот договорена е поддршка на плановите за развој на Царинската управа на Република Македонија од страна на Царината на Република Франција во насока на нивна реализација. Исто така, за време на средбата се даде осврт и на постигнатите резултати од досегашната соработка помеѓу двете земји, како и перспективи за идни активности на соработка.

Претставниците на двете институции изразија подготвеност за зајакнување на соработката што ќе резултира со нови обуки и проекти за зајакнување на капацитетите на Царинската управа во борбата против организираниот криминал, разузнавањето, анализата на ризик, борбата против финансиски криминал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП