17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе разгледува можноста Битола да добие централно греење од РЕК „Битола“

Се разгледува можноста Битола да добие централно греење од РЕК „Битола“

На денешната средба меѓу Заев и претставници КФВ банката се разговараше за можноста за воспоставување систем за централно греење во Битола, односно изградба на цевковод од РЕК Битола до градот со што во првата фаза на овој проект ќе се воведе централно греење во јавните социјални и образовани институции како градинки, училишта и болници.

На средбата претставниците од банката КФВ го информираа премиерот Заев за тековните проекти кои се реализираа во Република Македонија со поддршка на банката, во однос на водоводните системи, пречистителни станици, како и на други инфраструктурни проекти.

На средбата, исто така, премиерот Заев истакна дека Владата на Република Македонија е отворена за соработка со германската владина финансиска групација КФВ за изградба на канализациски системи во помалите и поголеми рурални средини во земјата.

Премиерот Заев на средбата истакна дека развојните проекти што ги поддржуваат програмите на оваа банка се инвестиции кои имаат потенцијал да го зајакнат и зголемат бруто домашниот производ и дека овие проекти се секогаш во интерес на граѓаните и дека, во крајна линија, ќе придонесат за заштеда во домашните буџети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП