5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската амбасада организира Саем на колеџи во САД

Американската амбасада организира Саем на колеџи во САД

По повод Меѓународната недела на образование, на 16 ноември 2017 година, од 17 до 19 часот, во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје, Амбасадата на Соединетите Држави во Македонија ќе го организира четвртиот годишен Саем на колеџи во САД. Настанот е отворен за јавноста, влезот на Саемот е бесплатен.

Дваесет претставници од заедницата на Амбасадата, вклучително и заменик-шефот на мисијата, Микаела Швеицер – Блум, ќе презентираат различни аспекти од своето искуство на американски колеџ, а ќе бидат на располагање и да одговараат на прашања за високото образование во Соединетите Држави.

Советниците на EducationUSA ќе даваат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, како и за услугите што студентите можат да ги добијат во центрите на EducationUSA во Македонија. Освен тоа, советникот за образование од Амбасадата на САД ќе биде таму да одговара на прашања за можностите за добивање стипендии од владата на САД и за програмите на образовна размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП