27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Хрватската компанија „Агрокор“ ја поздрави идејата за здружување на регионалните компании, која на Земјоделскиот саем во Нови Сад ја предложи сопственикот на „МК Групата“, Миодраг Костиќ. – Идејата на Миодраг Костиќ е одлично стратешко размислување… Тоа е нешто за што „Агрокор“ секогаш зборуваше, иако не конкретно за наведените компании. Тоа е единствен исправен пат кон развој на регионалните компании и спротивставување на мултинационалната конкуренција, наведува „Агрокор“. Костиќ предложи основање на заедничка компанија АМАНП, во чија состав би влегле „МК Група“, „Агрокор“, „Атлантик“, „Нектар“ и „Подравка“.

Љубљана – Новата љубљанска банка (НЛБ) во рамки на планот за реформи во идните две години има намера сегашниот број на вработени да го намали за 20 отсто, соопшти директорот на најголемата словенечка банка Јанко Меѓа. НЛБ моментно има околу 3.500 вработени, а планот за реформи и реорганизација, кој треба да биде претставен до крајот на месецот, предвидува отпуштање на 700 вработени и затварање на некои експозитури, како и максимално концентрирање на сервисирањето на средните и мали претпријатија, пишуваат словенечките медиуми. Меѓа, кој на местото директор на банката дојде минатата година, настојува НЛБ да ја реорганизира врз основа на концептот на „витка банка“, со намалување на бројот на вработени и на трошоците, за да ја зголеми нејзината ефикасност. Се очекува процесот да трае две години.

Рим – Околу 49 отсто од младите невработени Италијанци би прифатиле да бидат чистачи на улици, покажува анкетата „Младите во криза“, која ја спроведе асоцијацијата „Колдирети“, во соработка со анкетната фирма СВГ од Трст. Четворица од 10 анкетирани (43 отсто) би работеле за 500 евра месечно, додека 39 отсто од нив рекле дека би работеле прекувремено без дополнителна компензација.

Рим – Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ соопшти дека лани остварила приходи од над 2 милијарди евра, што е за 16 отсто повеќе во однос на 2011 година и при што е забепелжан и раст од 11 проценти во Европа, која е погодена од криза. – Одличните резултати ја покажуваат способноста на компанијата да ја зацврсти својата позиција на пазарот, изјави директорот Џорџо Армани. Приходите на компанијата во 2012 година пораснале на 2,09 милијарди евра, при што само во Кина има зголемување од 39 отсто.

Франкфурт – Германската централна банка, Бундесбанк, очекува домашната економија значително да зајакне во вториот овогодишен квартал, што може да и помогне на еврозона во нејзините обиди за излез од рецесијата. Германската економија, според Бундесбанк треба да оствари значително подобрување по слабиот раст од првиот квартал, кога порасна за скромни 0,1 отсто, како последица од студеното време кое ја одложи градежната сезона. Според месечниот извештај на Бундесбанк, градежните активности ќе забрзаат, додека индустриските нарачки за март неочекувано пораснале за 2,2 отсто, што е повеќе од прогнозите на аналитичарите.

Лондон – Британскиот гигант од областа на мобилната телефонија „Водафон“ соопшти дека нерговиот годишен нето профит опаднал за 90 отсто, поради големите трошоци во презадолжените земји, како Италија и Шпанија. Во деловната година што заврши на 31 март, заработката пред оданочувањето опаднала на 673 милиони фунти (796 милиони евра), во споредба со профитот од 7 милијарди фунти во претходната фискална година, наведе компанијата. Приходите на „Водафон“ истовремено се намалиле за 4,2 отсто на 44,44 милијарди фунти.

Лондон – Британскиот малопродажен ланец „Маркс Спенсер“ лани оствари најнизок профит од 2009 година. Фирмата, стара 129 години, опслужува 21 милион купувачи неделно во повеќе од 700 продавници во Велика Британија. Во деловната година што заврши на 31 март, компанијата забележала заработка пред оданочувањето од 665,2 милиони фунти (милијарда долари). Компанијата во претходната деловна година оствари профит од 687,2 милиона фунти, а аналитичарите за тековната фискална година прогнозираа профит од 640 до 670 милиони фунти.

Лондон – Годишната нето заработка на луксузната британска модна куќа „Барбери“ е намалена во 2012 година за 3,4 отсто во однос на претходната година, на 254,3 милиони фунти (300,7 милиони евра), соопшти управата на компанијата. – Иако екоономската состојба и натаму е неизвесна, „Барбери“ е добро позиционирана благодарение на можностите во поглед на дистрибутивните канали, производите и пазарите, изјави директорката на компанијата Ангела Арентс. По драстичниот, но кус глобален пад на продажбата на ниво на сите луксузни брендови, овој пазар зајакна и се врати во полн сјај.

Лондон – Инфлацијата во Велика Британија во април се намали на 2,4 отстона годишно ниво, спуштајќи се најниско ниво во последните седум месеци, поради падот на трошоците за превоз и на цената на нафтата. Индексот на потрошувачките цени минатиот месец пораснал за 2,4 отсто во однос на растот од 2,8 отсто од март. Априлската инфлација е најниска од септември 2012 година, кога изнесуваше 2,2 отсто. До намалување на стапката на инфлацијата пред се дојде поради падот на трошоците за транспорт, предизвикан од поевтинувањето на горивото и на авионските такси.

Вашингтон – Економскиот раст на Саудиска Арабија ќе успори на 4,4 отсто во 2013 година, од 6,8 отсто во претходната година, поради очекуваниот пад на производството на нафта и намалената државна потрошувачка, смета ММФ. – Очекуваме вкупен раст на саудискиот БДП од 4,4 отсто, сметајќи дека производството на нафта ќе биде многу помало во однос на просекот од 2012 година, наведе ММФ.

Њу Делхи – Кинескиот премиер Ли Кечијанг се заложи за отворање на кинескиот пазар за бизнисмени од Индија, укажувајќи на трговскиот дефицит меѓу двете земји. – Покрај загриженоста на Индија поради трговскиот дефицит, Кина е подготвена да пружи олеснувања за повеќе производи од Индија за влез на кинескиот пазар, рече Ли во текот на посетата на Њу Делхи. Тој изрази уверување дека постои можност да се работи на воспоставување на баланс на трговијата меѓу двете земји.

Њујорк – Доволно е само 10 центи повеќе издвојувања по парче облека за да може безбедноста на текстилните фабрики во Бангладеш да биде подигната на повисоко ниво и така да се избегнат несреќите како онаа во Дака во која животите ги загубија над 1.000 работници, се наведува во студијата „Комзорциум за работнички права“. Аналитичарите до таа бројка дошле врз основа на проценката дека неопходните инвестиции за доведување на фабриките за текстил во Бангладеш на прифатливо ниво на безбедност нема да надминат 3 милијарди долари за петгодишен рок. Текстилните гиганти на 15 мај на барање на локалните синдикати, потпишаа договор за поголема безбедност во фабриките во Бангладеш.

Чикаго – Американскиот авиопревозник „Јунајтед Ерлајнс“ по повеќемесечна забрана повторно ги одобри летовите на авионите „Боинг 787 Дримлајн“, соопшти управата на компанијата. Првиот „Дримлајн“ повторно полета од аеродромот во Хјустон за Чикаго. Четиричасовниот лет бил успешен. – Тој лет означува враќање на редовните летови на „Боинг 787“, соопшти управата на „Јунајтед Ерлајнс“, единствена американска авиокомпанија која во својата флота ги има овие авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП