28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus доби историски вредна нарачка

Airbus доби историски вредна нарачка

Управата на компанијата „Airbus“ соопшти дека добила историски вредна нарачка за своите авиони, вредна речиси 50 милијарди долари.

Airbus објави дека на американскиот авиопревозник „Indigo Partners“ ќе му продаде 430 авиони за 49,5 милијарди долари, што ќе биде рекордна продажба за овој производител.

Договорот за продажба е објавен во рамките на Саемот за воздухопловство „Air Show“ во Дубаи, а „Indigo Partners“ ќе купи 273 авиони А320neо и 157 авиони од типот A321neo.

Цената на еден авион А320neо изнесува 108,4 милиони долари, а A 321neo чини 127 милиони долари, но производителите главно им нудат попуст на компаниите кои купуваат поголеми количини.

Челник на „Indigo Partners“ е Вилијам Франке кој се смета за пионир во нискобуџетните авиопревозници кои се се популарни на пазарите.

Досегашната рекордна продажба на „Airbus“ беше реализирана пред две години кога индиска компанија купи 250 авиони А320neo во вредност од 26 милијарди долари.

Во рамките на Саемот во Дубаи претходно компанијата „Emirates“ соопшти дека договорила купување на 40 авиони Boeing 787-10 Dreamliners за 15,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП