1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите и пообразовани сепак посиромашни од родителите

Младите и пообразовани сепак посиромашни од родителите

Триесет и шест милиони лица, кои сочинуваат помалку од еден процент од возрасното население во светот, држат во раце 46 проценти од глобалното богатство во недвижнини, покажува студијата на банката „Credit Suisse“.

Истовремено 70 проценти или 3,5 милијарди луѓе во недвижнини имаат помалку од десет долари и поседуваат само 2,7 проценти од богатството.

Лицата родени во последните две децении од минатиот век (1982-2000 година) иако се пообразовани од своите родители, сепак помалку заработуваат од нив.

Лицата родени д 1946 до 1964 година ги заземаат најдобрите работни места и повеќето куќи.

Тие доминираат кога станува збор за платите, сопственоста над недвижнини и останатите елементи од животниот стандард.

„Credit Suisse“ пресметала дека вкупното светско богатство на средината на оваа година изнесувало 280 билиони долари – 6,4 проценти повеќе во однос на минатата година.

Тоа е најголемиот раст од 2012 година, благодарение на оживувањето на пазарот за недвижности и порастот на вредноста на нефинансискиот имот, како што се куќите или становите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП