5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБизнисот со лепила ги охрабри резултатите на Henkel

Бизнисот со лепила ги охрабри резултатите на Henkel

Германскиот производител на детергентите „Persil“ и на козметичката марка „Schwarzkopf“, „Henkel“ успева да го зголеми профитот во третото фискално тримесечје – поради силниот бизнис со лепила.

Нето добивката, без известување на еднократни ефекти и пред даноци и амортизација, отскокнува со 7,1 отсто до 897 милиони евра, забележа концернот со седиште во Дизелдорф. Заработката по акција скокна за 8,5 отсто на 1,54 евра.

Аналитичарите очекуваа приходи од 5,12 милијарди евра и добивка пред камати и даноци од 907 милиони евра.

Во однос на приходите, исто така има и пораст, кои се зголемуваат помеѓу јули и септември од 5% на речиси 5 милијарди. За ова помогнале и договорите, вклучително и во профитабилниот бизнис со лепила. Ако се отстранат ефектите од преземањата и нестабилните девизни курсеви, растот на приходите би изнесувал 3 проценти.

Главниот извршен директор Ханс Ван Бојлен очекува „нестабилни и несигурни“ пазарни услови. Истовремено, тој ја обнови прогнозата за чистата добивка на привилегираната акција за 2017-та година. Сега тој очекува „раст од околу 9 отсто“, додека порано очекувањата му беа за „помеѓу 7 и 9 отсто“.

Органскиот раст на приходите треба да се зголеми за 2 до 4 отсто, а нето оперативната маргина се зголемува од 16,9 отсто на „над 17,0 отсто“.

Ван Бојлен, кој беше прогласен за „Шопинг крал“ на Генералното собрание на акционери, очигледно ќе продолжи да го брани овој прекар во месеците што следат. „Ако компанијата ни одговара и цената е добра, тогаш ќе ја искористиме можноста“, рече тој за време на телеконференцијата со аналитичарите. Тој не се осврнува на одредена сума на можни инвестиции, но спомена дека концернот лани и оваа година има потрошено околу 5,9 милијарди евра за договори.

„Henkel“, кој е производител и на шампоните со брендот „Schwarzkopf“, се обидува да се наметне на исклучително конкурентниот американски пазар за детергенти, добивајќи поддршка од купувањето за 3,6 милијарди долари на „Sun Products Corp.“ во мај 2016-та година. Оваа трансакција беше остварена малку откако Ван Бојлен ја презеде функцијата, насочувајќи го „Henkel“ како конкурент на „Procter & Gamble Co.“ – лидер на пазарот на детергенти во САД.

Во март оваа година беше објавен договорот за американскиот специјалист за пакување „Darex“ во вредност од речиси 1 милијарда евра. А на крајот на октомври, беше реализиран договорот  со северноамериканскиот фризерски бизнис на „Shiseido“ за 485 милиони долари. Со две од неговите брендови за нега на коса „Joico“ и „Zotos Professional“, оваа компанија објави приходи од 230 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП