4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјотрес на врвот: Еврозоната ги надмина САД

Земјотрес на врвот: Еврозоната ги надмина САД

Годишната стапка на економскиот раст во еврозоната го надмина растот на бруто домашниот производ (БДП) на САД во третиот квартал оваа година.

Благодарение на тоа 2017 година стана најдобрата година за еврозоната од колапсот на финансиските пазари пред една деценија.

БДП на еврозоната порасна за 0,6 проценти во периодот јули-септември оваа година во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво за 2,5 проценти, соопшти европската служба за статистика Евростат.

Таквиот раст е поголем од годишната стапка на раст на БДП во САД од 2,3 проценти, оценува агенцијата Ројтерс.

„Силното закрепнување на пазарот за труд, растечките извозни пазари, прилагодувањето на монетарната политика, подобрувањето на кредитните услови и скромната инфлација, се само некои од бенефитите кои еврозоната ги чувствува. Поради тоа ова би можела да биде најдобрата година на раст од 2007 година“, смета економистот на банката ING, Берт Колин.

Германија најмногу придонела за силниот економски раст на еврозоната, бидејќи на квартално ниво, остварила раст од 0,8 проценти.

На второ место е Франција со раст од 0,5 проценти на квартално и 2,2 проценти на годишно ниво, додека Италија ги надмина очекувањата со кварталниот раст од 0,5 проценти и годишната стапка од 1,8 проценти, поддржана со извозот и домашната побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП