4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФедерација на фармери прославува 15 години постоење

Федерација на фармери прославува 15 години постоење

Денеска Федерацијата на фармери на Република Македонија одбележува  15 години постоење.

Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) —е земјоделско здружение основано на 29 јули 2002 година во Кавадарци, како „Федерација на македонските фармери“, на иницијатива на земјоделските здруженија. Целта на обединувањето е да се задоволи утврдената потреба за заедничи настап пред институциите, да се зголеми моќта на преговарање на земјоделците и да се заштитат нивните права и интереси. За прв претседател на УО бил избран Петко Златев, а моменталниот претседател е Никола Стаменов.

Како структурен модел во 2004 година го зема примерот на шведските фармери и нивното организирање преку склучување договор за соработка со Шведската федерација на фармерите (ЛРФ). Шведската агенција за развој (Sida) го препозна значењето на формирање ваква организација и заедно со ЛРФ во последните 10 години силно ја поддржува во исполнувањето на нејзината мисија и визија, како финансиски, така и со техничка поддршка, а најмногу преку размена на искуства. Соработката продолжува преку Шведскиот кооперативн центар We Effect каде изминатите три години се работеше на голем број теренски посети, активности за обединување, едуцирање и лобирање за земјоделците, со посебен фокус на малите земјоделци, јакнење и развој на земјоделските кооперативи и економско јакнење, како и поголемо вклучување на жените фармери во одлучувачките структури на организацијата и креирањето на земјоделскта политика. Со оваа подршка првпат е истакнат и проблемот со руралната сиромаштија во РМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП