26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачно со врнежи од дожд, температурата до 15 степени

Денес облачно со врнежи од дожд, температурата до 15 степени

Времето денеска облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд и максимална температура до 12 степени

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота ќе има локален слаб дожд, а од недела и опаѓање на температурата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП