6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАУредете го правилно работниот простор и зголемете ја продуктивноста

Уредете го правилно работниот простор и зголемете ја продуктивноста

h

Канцеларискиот мебел, особено работната маса и стол, мораат да бидат од квалитетна изработка, прилагодено кон димензиите на телото и флексибилни, така што секој може да го прилагоди своето работно опкружување со различни движења на телото и со различни работни обврски.

Столот на кој седите треба да ви овозможи удобност за рамениците и грбот да ви бидат опуштени, наслонети на наслонот од столот, а за лактовите е оптимално да се одмораат на наслоните од столот, веднаш до телото.

Осветлувањето исто така е од големо значење. Оптимално е ако доаѓа од три извори – амбиентален од таванот, работната маса и природна светлина. Изворите на светлина мораат да бидат добро насочени за да се избегне непотребно оптоварување на очите.

Ако го опремувате својот работен простор, водете сметка и за тоа дека вашите очи мораат да бидат одалечени од екранот на мониторот најмалку 60cm, а врвот на екранот не би смеел да биде над висината на очите.

Исто така е важно во просторијата каде што поминувате многу време да уживаат сите ваши сетила. Можеби воздухот кој што го вдишувате во канцеларијата би можеле да го збогатите со етерични масла кои што делуваат антистресно. Овие препарати лесно ќе ги набавите, а со нивна помош подобро ќе се чувствувате на работа.

Имајте во предвид дека и боите делуваат на вашето расположение, на физичкото и психичкото здравје. Зелената боја го смирува духот и телото, а во канцеларијата е добра во вид на детали. За жолтата боја се тврди дека го поттикнува доброто расположение, додека црвената боја се смета за енергетско дополнување затоа што внесува извесна доза топлина.

Затоа, немојте да занемарувате детали. Не е важно дали тоа ќе бидат разнобојни ситници кои ќе ви го поправат расположението, некој егзотичен мирис или нов стол во кој ќе се чувствувате подобро.

Важно е само во работниот простор да ви биде пријатно за да бидете што поефикасни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП