2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши-Почивалшек: Најава за понатамошна плодна економска соработка меѓу Македонија и Словенија

Бектеши-Почивалшек: Најава за понатамошна плодна економска соработка меѓу Македонија и Словенија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, оствари средба со министерот за економија и технологија на Република Словенија, Здравко Почивалшек, во рамките на официјалната посета на владината делегација на Република Македонија на оваа земја, предводена од премиерот Зоран Заев.

На средбата беше истакнато дека двете земји имаат континуирано успешна економска соработка, па оттука Словенија редовно се наоѓа на листата на значајни инвеститори во Република Македонија, а во однос на надворешно-трговската размена, Словенија е 12. земја по ред во 2016 година со која Република Македонија остварува најголем обем, пpи што забележлив е раст на билатералната трговија во 8-те месеци на 2017, во споредба со истиот период на 2016 година од 11.7%, со тоа што извозот е зголемен за 15.3%, а увозот за 10.1%.

Министерот Бектеши му предложи на својот словенечки колега во првата половина на идната година да се одржи 11. седница на Мешовитата комисија по Спогодбата за стопанска соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија, со оглед на фактот што редовното одржување на седници на Мешовитата комисија ќе ја отвори можноста за избор на заеднички проекти наменети за подобрување на трговијата и економската соработка, како и можност за нови инвестиции во Република Македонија.

Во наредниот период се очекува словенечката страна да ја разгледа и македонската иницијатива за склучување договор за соработка во областа на туризмот, која би отворила нови можности на развој и во овој значаен економски сектор.

Министрите се согласија дека сите овие заеднички иницијативи говорат за одличната основа за понатамошна плодна економска соработка меѓу двете земји, која се очекува да биде продлабочена и зајакната со нови, заеднички проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП