23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентирани можностите за поддршка за отворање работни места

Презентирани можностите за поддршка за отворање работни места

Презентирање на можностите за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите за бизнис-секторот, а во рамките на Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, беше цел на информативната средба што ја оствари министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, со членките од Стопанската комора на Македонија.

На средбата беа презентитани мерките, во насока на давање поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање нови работни места, како и мерките за финансиска и советодавна поддршка за овие претпријатија.

,,Мерките се однесуваат на унапредување на можностите за работа во овие мали и средни претпријатија и купување опрема, како и поддршка за вработување млади лица до 29 години. Многу е важно овие мерки да бидат промовирани директно пред стопанствениците зашто само така можеме да оствариме комуникација и да видиме дали тие имаат одредени задршки за да аплицираат за нив”, изјави Царовска.

Пред претставниците на бизнис-секторот се обрати и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон, директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска, и оперативната директорка на Организација на комората, Елена Милевска Штрбевска.

Винтон истакна дека оваа средба е важна за да се разменат мислења и изрази очекување ставовите и мислењата на стопанствениците да помогнат да се ажурираат мерките со кои ќе се третира невработеноста во 2018 година, како и во креирањето на новиот оперативен план за вработување за 2018 година.

Милевска Штрбевска посочи дека мерките ќе бидат поттик за команиите за поголем број вработувања, додека, пак, директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, информираше дека во моментов во Македонија има околу 100 илјади активни, и 90 илјади пасивни баратели на работа, но и дека пасивните баратели се намалуваат стимулирани со мерките од оперативниот план.

Оперативниот план за мерки за вработување за годинава е 17 милиони евра, плус дополнителни 2,2 милиони евра обезбедени со ребалансот на буџетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП