7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСметките скокаат, а следи и нов бран на поскапувања

Сметките скокаат, а следи и нов бран на поскапувања

Милиони семејства се соочуваат со поголеми сметки за храна бидејќи се очекува поскапување на лебот во британските супермаркети.

Поскапувањето на лебот се очекува поради растот на цените на пченицата.

Компанија за производство на храна „Allied Bakeries“ соопшти дека ќе мора да ги зголеми цените со цел да ги покрие трошоците за набавка на пченица, пишува Дејли Мејл.

Магазинот „Grocer“ објави дека оваа компанија претрпела загуба поради инфлацијата на стоката, особено пченицата, во комбинација со ниските малопродажни цени, што довело до голем пад на маржата.

Алекс Воу, директор на Националната асоцијација на британски и ирски пекари и млинари, изјави дека цената на пченицата е зголемена за околу 20 проценти во последната година.

Тој изјави дека причината е падот на вредноста на фунтата.

„Цената на пченицата се одредува на глобално ниво така што курсот прави разлика. Освен тоа, жетвата била со променлив успех во Велика Британија“, изјави тој.

Воу додаде дека, со оглед на тоа дека фунтата нема наскоро значително да се поправи, цената во блиска иднина нема да опадне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП