25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и ОПЕК ги вивнаа цените на нафтата до максимум

Русија и ОПЕК ги вивнаа цените на нафтата до максимум

Организацијата на земји извознички на нафта ја зголеми, во својот нов месечен извештај за пазарот, проценката за растот на побарувачката за нафта на преку 1,5 милиони барели дневно.

Прогнозите се зголемени, како за 2017, така и за наредната година, изјави генералниот секретар на ОПЕК Мохамед Баркиндо.

„Пазарот за нафта брзо се враќа во рамнотежа а кратењата во производството се единствена одржлива опција за враќање на стабилноста. Нафтената индустрија би била во значително полоша состојба отколку што е денес да не се мобилизиравме и да не постигневме консензус за преземање на заеднички акции во одговорот на кризата“, изјави Бакриндо, пренесува њујоршката агенција Блумберг.

Чекорите на ОПЕК за намалување на производството на нафта и акциите на нечленките на оваа организација, како Русија, започнаа да даваат резултати, бидејќи цената на северноамериканската нафта „брент“ се приближи до двегодишниот максимум.

ОПЕК на 30 ноември ќе одржи состанок, на кој ќе ги разгледа досегашните ефекти од договорот за намалување на производството на нафта и ќе донесе одлука за тоа дали ќе се придружи на тој договор, кој, за сега, е на сила до крајот на март 2018 година.

Цените на нафтата од типот бренд зајакнаа за 11 проценти во оваа година, а денес се тргуваат по цена од 63,34 долари за барел во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП