Со работењето Друштвото деветте месеци од 2017 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 91,79 мил. денари која е за 1% помалa во однос на истиот период од претходната 2016 година или нето добивка 83,37 мил. денари која е за 9% помала од истиот период во минатата година, како резултат на бавно заздравување на економијата на земјата од глобалната економска состојба на ограничени усови на работење на економиите во земјите од ЕУ, кое секако има последици по севкупното работење и во нашата економија.
Вкупните приходи до 30.09.2017 год. изнесуваат 269,15 мил. денари и се остварени со 96% во однос на истиот период од претходната година, истите се намалени за 4% во споредба минатата 2016 година, додека вкупните трошоци од редовното работење до 30.09.2017 год. изнесуваат 177,35 мил. денари и се намалени за 1% во однос на истиот период од 2016 година.
Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на доста високо ниво.
Коментарот на билансот на успех можете да го погледнете тука.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.