21 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИБанкарите сметаат - Одложувaњето на стечајот за „Фени“ е на штета на...

Банкарите сметаат – Одложувaњето на стечајот за „Фени“ е на штета на вработените

Банките кредитори на „Фени“ вчерашното барање за изземање на судот го сметаат за неосновано, како и за уште еден обид, како што велат, на сопствениците и нивните новоназначени претставници за одолжување на постапката за реорганизација и премин на „Фени“ кон нормално функционирање и целосно работно ангажирање на вработените во „Фени индустри“.

„Одлагањето најмногу им оди на штета на вработените и убедени сме дека сега и вработените и нивните синдикални претставници сфаќаат кој има намера да ја опструира и одолжува постапката. Со ова се генерираат дополнителни трошоци и се опструираат намерите на банките да се овозможи реорганизирање на „Фени индустри“ во најкус можен рок. И покрај ветувањата, до денес не е доставена нова понуда од „Енекод“ и неосновано е побарано изземање на судот, со што намерно се одолжува постапката. Евидентно е дека денешното одлагање е нивен обид за купување време од за нас непознати причини, што штетно ќе се одрази најмногу врз вработените, комбинатот, кредиторите и сериозните инвеститори.

Очекуваме итно и брзо одлучување на правосудните органи имајќи го предвид значењето на комбинатот за македонското стопанство“, велат банките кредитори по повод одложувањето на стечајната постапка за „Фени индустри“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар