26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичка понуда на Македонија претставена на „Ворлд травел маркет“ во Лондон

Туристичка понуда на Македонија претставена на „Ворлд травел маркет“ во Лондон

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претстави туристичката понуда на Македонија на еден од најзначајните настани во туристичката индустрија за 2017 година „World Travel Market“ (WTM) во Лондон.

На овој водечки настан во туризмот туристичката понуда ја претставија 5.000 дестинации кои се вмрежија со публика од 51.500, од професионалци во туристичката индустрија, купувачи, новинари и различни влијателни личности.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оваа година ја претстави туристичката понуда на Македонија преку различни видови на активности, комуницирајќи ги можностите за одржлив туризам кои ги нуди земјава. Овој тип на промоција ја зголеми визибилноста на Македонија во океанот на дестинации кои се промовираат за време на WTM, а посебно беше поздравена од страна на генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи.

Настанот на кој присуствуваше туристичката елита од целиот свет официјално беше отворен со дискусијата на UNWTO и Министерскиот самит – Растот на туризмот: растот не е непријател, туку како ние го менаџираме. Фокусот на овој Самит каде присуствуваше и директорот Донев беше во насока на дискусија на проблемите и очекувањата до 2030 година, обезбедување на одржлив развој, јавни политики и стратегии за справување на притисокот врз природните и културните ресурси, како и зголемување на дијалогот помеѓу туризмот и локалните заедници – нивна соработка и координација.

Во рамки на WTM Лондон, директорот на АППТ, Донев, оствари средби со голем број тур-оператори од Англија и светот кои изразија интерес за соработка со Македонија, како и бројни медиумски куќи кои го презентираа нивниот капацитет и иновативност која би придонела за промоција на Македонија.

Моќта на медиумите, трендовите и придобивките од промоцијата на туризмот беа тема на разговор на директорот Донев со Рајан Датар од “The Travel Show” на BBC (следено од 390 милиони гледачи од светот) на која се приклучија и министрите за туризам на Црна Гора и Албанија, Павле Радуловиќ и Бленди Клоси, како и директорот на туристичката организација на Албанија, Ардит Чолаку.

На маргините на WTM се оддржа и “Destination Showcase”, вмрежување организирано од Travel Weekly, каде АППТ на бизнис средби се сретна со околу 90-ина тур-оператори од Англија на кои ја презентираше својата туристичка понуда. На настанот воведно обраќање имаше директорот Донев, кој го најави учеството на Македонија и го сумираше туристичкиот потенцијал на земјата.

На сите веќе споменати продуктивни настани кои се одвиваа напоредно со “World Travel Market”, АППТ зема активно учество со цел поголемо присуство на Македонија и квалитетно искористување на времето поминато во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП