1 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 реченици кои добриот шеф никогаш нема да ги изговори

10 реченици кои добриот шеф никогаш нема да ги изговори

Австрискиот филозоф Лудвиг Витегеинстеин смета дека зборовите ја создаваат реалноста, а кога на некој сте му надреден тогаш тоа е многу точно. Зборовите не шефовите носат најголема тежина, а во комуникацијата со вработените често ја искористуваат својата позиција мислејќи дека секогаш се во право. Ви претставуваме десет изјави кои големите шефови никогаш нема да ги изговорат:

– „Не можам ништо да направам по тоа прашање“ – во превод … немам намера ништо да направам.

– „Секогаш било така“ – наместо игнорирање, големите шефови ги слушаат идеите на вработените.

– „Никој друг не се жали“ – иако никој друг не се пожалил, тоа не значи дека сите се задоволни.

– „Ако не ти е по волја, можеш да се вработиш на друго место“ – ваквото неценење на вработениот доведува до катастрофа.

– „Јас сум тој кој ти дава плата и мора да работиш како што ти кажувам“ – ова е изјава на шефот кој себе си се смета за крал, а некој кој се смета за нешто што не е, во општеството често е наречен будала.

– „Не сакам да знам“ – работата на шефот е секогаш да сослуша се што му се кажува, неможе да ги избира само позитивните вести.

– „Мораш подобро да ја работиш својата работа“ – добро е да дадете критика, но најпрвин потребно е да го поправите вработениот за одделните грешки кои ги прави, без никакви наредби.

– „Јас бев овде во саботата, а каде беше ти“ -посесивно агресивниот притисок врз вработените е најчестата причина за заминување на вработените, никој не е толку моќен да го краде нивното слободно време.

– „Си направил грешка, незнам зашто те плаќаме“ – доколку не знаете зошто го плаќате, тогаш вие правите поголема грешка.

– „Личните проблеми не смеат да ти пречат во работата“ – ова е сосема нерелано, наместо осуда, понудете му помош на вработениот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП