3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите Италијани би чистеле и улици

Младите Италијани би чистеле и улици

mladinevraboteni2

Околу 49 проценти од младите невработени лица во Италија би ја прифатиле и работата чистач на улица, покажувaaт резултатите од анкетата „Младите во криза“, која ја спроведе асоцијацијата „Колдирети“

Четири лица од десет испитаници (43 проценти) би работеле и за 500 евра месечно, додека 39 проценти од нив изјавиле дека би работеле и прекувремено без дополнителна компензација, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

„Анализата покажува силен дух на жртвување меѓу младите, што ги води да се откажат од основните права на работникот. Тоа е нешто што не можеме да го дозволиме во земја како што е Италија“, изјави претседателот на Колдирети, Серџо Марини.

Исто така, повеќе од половината од Италијанците помлади од 40 години, изјавиле дека се подготвени да ја напуштат земјата и во некоја друга земја да побараат работа, а 73 проценти од испитаниците веруваат дека во Италија нема иднина. Околу 64 проценти од анкетираните навеле дека би го промениле и местото на живеење во земјата само да најдат работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП