7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа работното место понекогаш треба и да се расправате

На работното место понекогаш треба и да се расправате

Тешкиот и стресен работен ритам на денешницата, кога се изгледа за итно, не доведува во напнати ситуации со колегите на работа. Има поединци кои поради секоја ситница внесуваат нервоза, но вие сигурно не сакате да сте меѓу нив. Сакате само одмерено да го браните својот став и добриот глас, бирајќи ги мудро вашите битки, ќе ја отворите вратата кон позадоволувачка и попродуктивна кариера во животот.

Како да знаете кои битки се вредни за борба? Еве неколку насоки…

Кога не треба да се расправате

– Се обидувате да промените луѓе кои немаат намера да се менуваат.

– Резултатот нема ништо да донесе или промени, без оглед дали ќе ја добиете или изгубите битката.

– Прашање околу кое сте во напната ситуација за вас не е релевантно.

– Не сте целосно информирани околу предметот на расправата или не сте целосно уверени дека вашиот став е исправен.

– Немате никакви шанси да победите.

– Имате други приоритети кои бараат многу или се поитни.

– Само се чувствате мрзоволно или сакате да им покажете на другите дека не сте слабак.

Кога треба да се расправате

– Вашите идеи се омаловажени.

– Вашата репутација е загрозена.

– Тоа е за доброто на целиот тим и компанијата.

– Соочени сте со акција која е лоша, неправедна или нелегална.

– Станува збор за нешто законско или многу важно.

– Случајот вклучува интегритет.

– Во случајот е вплеткана значителна сума на пари.

– Некој без причина ве навредил и деградирал.

– Постои опасност од голема загуба.

Значи, постојат случаи кога прифаќањето на бурна расправија е добро. Но немојте да бидете злобни кон луѓето само затоа што сте несреќни и незадоволни. Расправајте се само кога верувате дека сте апсолутно во право и кога влогот е вреден. Дури и да ја загубите битката, ќе ве ценат поради залагањето во добри нешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП