18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоведени нови санкции од ЕУ за Венецуела

Воведени нови санкции од ЕУ за Венецуела

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска договорија зголемување на санкциите против Венецуела. Со најновите санкции ЕУ ќе забрани извоз на оружје во Венецуела, ќе го замрзне имотот и ќе им забрани патување на функционери блиски до претседателот Николас Мадуро.

Одлуката на Брисел доаѓа десетина дена откако американскиот секретаријат за финансии воведе санкции против десет функционери на Мадуро, кои ги обвини за поткопување на демократијата во Венецуела. Според САД, функционерите го девалвираат изборниот процес во Венецуела, ги цензурираат медиумите и потпишуваат корумпирани договори во врска со дистрибуцијата на храна во земјата, која со месеци се соочува со глад.

Мадуро ги загуби изборите во декември 2015 година, но ги суспендираше овластувањата на Националното собрание, по што во август годинава, на избори кои ги бојкотираше опозицијата, формираше ново уставотворно собрание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП