
Стјуардесите од хрватската национaлна авиокомпанија „Croatia Airlines“ денес го прекинаа штрајкот, откако постигнаа договор со Управата.


Стјуардесите од хрватската национaлна авиокомпанија „Croatia Airlines“ денес го прекинаа штрајкот, откако постигнаа договор со Управата.
Деталите од договорот на Синдикатот на кабинскиот персонал и Управата сеуште не се познати, но со ова е отворен патот за нормализирање на летовите, а воедно ќе прекине и акумулацијата на долгови на „Croatia Airlines“.
Од оваа авиокомпанија изјавија дека воздушниот сообраќај, благодарение на договорот, ќе биде нормализиран, иако распоредот за откажаните и пренасочени летови за денес веќе е направен, пренесуваат хрватските медиуми.
Штрајкот еден ден претходно го прекинаа и пилотите на „Croatia Airlines“, откако тие со Управата се договорија да потпишат колективен договор кој ќе биде од корист за двете страни.
Пилотите и стјуардесите пред осум дена го започнаа штрајкот, кој компанијата досега ја чинеше 860.000 евра.