3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина и САД заедно до поголем глобален БДП

Кина и САД заедно до поголем глобален БДП

Продолжувањето на стабилниот развој на кинеско-американските економски односи најмногу ќе придонесе за глобалниот раст.

Тоа го изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во текот на состанокот со американскиот претседател Донлад Трамп во Пекинг.

„Кина и САД би требало да се позанимаават со економските прашања на конструктивен начин и да го решат проблемот со проширување на економската соработка“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи цитирајќи ја изјавата на претседателот Си, пренесува Ројтерс.

Кина се согласи на дополнително олабавување на бариерите за влез на странските инвеститори на кинескиот пазар за банкарство и осигурување, а постепеноо ќе ги намали и царините за увоз на автомобили, се додава во соопштението.

Ројтерс потсетува дека вредноста на договорите, потпишани меѓу кинеските и американските компании во текот на посетата на Трамп на Пекинг, достигна 250 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП