24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната ја очекува најголемиот раст за последните 10 години

Еврозоната ја очекува најголемиот раст за последните 10 години

Европската унија ја зголеми проценката за економскиот раст на еврозоната за 2017 година на највисокото ниво за последните 10 години.

Европската комисија соопшти дека очекува дека економскиот раст оваа година ќе изнесува 2,2 проценти, што е најмногу од 2007 година. Претходната проценка на растот изнесуваше 1,7 проценти.

Европската комисија исто така ја зголеми и проценката за раст за следната година на 2,1 проценти од претходните 1,8 проценти.

До зголемување дошло поради позитивните економски вести од еврозоната, бидејќи се намалени грижите за бранот популистички политичари и иднината на Грција во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП