22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Холандија е насочена кон нов хипотекарен ризик

График на денот: Холандија е насочена кон нов хипотекарен ризик

Во октомври 2017-та година, холандската централна банка објави предупредување поврзано со хипотеките во Холандија, потсетува „Статиста“.

Според неа речиси 55% од хипотекарниот долг на Холандија се состои само од каматни и инвестициски хипотекарни кредити, кои не вклучуваат никакви договорни плаќања за време на рокот на кредитот.

Додека цените на европскиот пазар на станбен имот се намалуваат, а каматата на кредитите паѓаат поради Програмата за откуп на средства на Европската централна банка, каматните хипотеки стануваат се повеќе популарни.

Освен тоа холандската влада ги поттикнува луѓето да купуваат станови на многу години, нудејќи даночни олеснувања врз хипотекарните плаќања, како и други помагала за купувачите на станови во Холандија.

Следствено на тоа вкупниот хипотекарен долг на домаќинствата во Холандија се зголеми од околу 548 милијарди евра во 2006-та година до околу 664 милијарди евра во 2016-та година. Долговите сепак треба да бидат исплатени кога ќе истечат каматните хипотеки.

Холандската централна банка изјави дека може да има ризик домаќинствата да немаат средства за отплата на долговите пред или кога ќе истечат заемите, ризикувајќи нова хипотекарна криза. Кредиторите, вели таа, треба активно да ги предупредат своите клиенти за овој ризик и да им помогнат да најдат соодветно решение.

За жал, се очекува вредноста на хипотеките во 2017-та година да се зголеми за околу 3,9% во однос на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП