25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВојните од 2001 до денес ја чинат Америка повеќе од 4 билиони...

Војните од 2001 до денес ја чинат Америка повеќе од 4 билиони долари

Прекуокеанските војни Соединетите Американски Држави – САД од 2001 година до денес ги чиниле повеќе од 4,3 билиони долари, а до крајот на наредната година тој износ би можел да достигне и 5,6 билиони долари, се наведува во извештајот „Трошоци за војните“.

„До крајот на септември 2017 година, војните во Ирак, Авганистан, Пакистан и Сирија, како и дополнителните трошоци за националната безбедност, министерството за одбрана и ветераните, ја чинеле Америка 4,3 билиони долари“, се наведува во извештајот.

Комбинираните воени интервенции од 2001 година во значителен број се платени од позајмици, што предизвика премин на САД од буџетски суфицит во дефицит.

Како што се проценува, трошоците на нивните прекуокеански операции ќе растат, особено откако Трамп одлучи да ја зголеми американската сила во Авганистан, каде имаат 11.000 војници, а уште 3.000 веќе се упатени таму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП