14 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпопуларниот Volkswagen станува електричен автомобил

Најпопуларниот Volkswagen станува електричен автомобил

Новата генерација на „Volkswagen Beetle“ ќе биде достапна во електрична модификација. Ова го најави шефот на германскиот производител на автомобили Херберт Дис преку „Autocar“. Тој, сепак, рече дека сè уште не е донесена одлука кога ќе се појави таков модел на пазарот.

„Ако сакаме да го направиме „Beetle“ електричен, резултатот ќе биде многу подобар од било кој можен мотор, и таков автомобил ќе биде близу до својата богата историја, а најверојатно ќе има погон на задните тркала“, рече Дис.

Идната „Буба“ на струјата ќе биде изградена на модуларната платформа „MEB“ која се користи за сите модели на „Volkswagen“. Компанијата планира да ја користи за не помалку од 15 нови електрични автомобили, од кои некои веќе се прикажани како концептуални модели.

Сегашната „Буба“ е продолжение на оригиналниот модел кој беше произведен во периодот 1938-2003 и е најпопуларниот автомобил на „Volkswagen“ во историјата. Тој беше редизајниран двапати – во 1998-ма и 2011-та година, а последната генерација се уште се произведува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП