9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабележан раст на депозитите на албанските емигранти

Забележан раст на депозитите на албанските емигранти

bank

Три години по драстичниот пад на депозитите на албанските емигранти, по првпат се забележува нивно зголемување.

Во последниот извештај на Централна банка на Албанија се наведува дека во последното тримесечје од минатата година забележан е раст на депозитите, давајќи на тој начин позитивен придонес во билансот на наплата.

Така, во спомениот период депозитите на емигрантите достигнале 196 милиони евра, што е за 7 отсто повеќе споредено со истот период претходната година. Во текот на цела 2012 година депизитите забележаа благ раст од 1,6 осто и изнесуваат 676 милиони евра.

Овие бројки потврдуваат дека депозитите се зголемуваат по период од повеќе од три години пад. Но, според експертите ова зголемување не значи и подобрување на состојбата на емигрантите кои живеат и работат во земјите погодени од економската криза, главно Италија и Грција, каде што е и најголемиот процент на албански емигранти.

Всушност станува збор за тоа дека дел од нив поради кризата и немањето работа, се вратиле во родниот крај и ги трансферирале своите заштеди. Инаку депозитите најголем пад забележале во 2011 година кога изнесуваат 650 милиони евра, наспроти изминатите години кога тие достигнувале и над 900 милиони. Парите кои ги испраќаат емигрантите во Албанија видно цлијаат врз намалување на сиромаштијата, зашто околу 60 отсто од домаќинствата живеат од тие пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП