27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ја чека историска борба против корупцијата

Кина ја чека историска борба против корупцијата

Кина треба да победи во борбата против корупцијата или ќе биде избришана од историјата, предупреди новиот главен раководител на оваа кампања, цитиран од „Reuters“.

Жао Леџи беше избран минатиот месец во седумчлен Постојан комитет на Политбирото на владејачката Кинеската комунистичка партија (ККП). На него му беше наложено да ја предводи клучната за претседателот Си Џинпин борба против корупцијата – нешто што ја нагласува концентрацијата на ККП за искоренувањето на корупцијата.

Во редакциската статија, објавена денеска во државниот весник, Жао нагласува дека кинеската Комунистичката партија се плаши од неуспех, ако не се справи со оваа непријатна појава. „Ако нашата контрола врз партијата не е силно и партиското управување не е строго, тогаш партијата нема да успее да избегне бришење од историјата и нема да ја исполни својата историска задача“, потенцира тој.

Си Џинпин предупредувал дека позаднинската корупција во државниот апарат може да ги ослабне „канџите“ на ККП врз власта, забележуваат агенциите. На петгодишниот конгрес на партијата минатиот месец нејзиниот генерален секретар и претседател на Кина даде да од знаење дека ќе продолжи да ги гони корумпираните функционери – од највисоко до најниско ниво.

„Фактите ни кажуваат и предупредуваат дека ставот на партијата на врховен политички лидер и сила се основата на нашата политичка стабилност, економски развој, национално единство и социјална стабилност“, вели уште Жао, новиот шеф на Централната комисија за проверка на дисциплината во ККП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП