6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФунтата ја турка индустријата, Британците тријат раце

Фунтата ја турка индустријата, Британците тријат раце

Индустриското производство во Британија порасна во месец септември петти месец по ред, бидејќи падот на фунтата ги направи домашните производи поконкурентни, пишува британскиот Гардијан.

Индустриското производство во септември пораснало за 0,7 проценти на месечно ниво, што, како што наведува Ројтерс, е најголемиот месечен раст од декември минатата година.

Фабричката активност, според податоците на британската Канцеларија за статистика (ONS), порасна во третиот квартал за 1,1 проценти.

Дојде до закрепнување и на трговските перформанси на Британија бидејќи месечниот трговски дефицит во септември е намален за 700 милиони фунти.

„Силниот глобален раст и ефектите на слабата фунта изгледа конечно се рефлектираат преку податоците за индустриското производство“, вели економистот на банката ING, Џејмс Смит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП