Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,323.24 -0.09%    BESK 9,964.47 0.66%    CEVI 899.00 0%    FERS 60,250.00 3.52%    GRNT 857.92 1.16%    KMB 5,495.51 3.25%    MKSD 210.00 5%    MPOL 293.00 0%    MPT 47,943.65 9.91%    MTUR 4,800.00 0.19%    OHB 6,433.18 0.88%    OKTA 5,023.06 5.82%    RMDEN17 95.69 0.09%    RZLV 81.87 -0.88%    RZUS 153.36 2.58%    SBT 2,000.00 0%    STB 1,000.41 1.89%    STIL 155.90 1.32%    TEL 278.09 2.24%    TETE 2,400.00 4.35%    TNB 14,225.34 2%    TPLF 1,002.00 -9.97%    TTK 1,025.66 -0.45%    UNI 2,649.88 1.19%    

Нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија со продавницата во City Mall во Скопје

Време: 23:03

Датум: ноември 10, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

  • Комбинација од изложбен простор со продукти и услуги, гејминг зона и кафе бар
  • Зелен еко ѕид, за прв пат во Дојче Телеком продавниците
  • Посебна понуда на Samsung смартфони за 1 денар на 11 ноември

Македонски Телеком стартува со нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија со продавницата во City Mall во Скопје. Новиот концепт освен уреди и услуги нуди и социјализација, забава, мултимедијално искуство и персонален пристап кон секој корисник.

Се состои од три области:  Изложбен простор со уреди и услуги, зона за гејминг и забава и кафе бар. Зоната за гејминг и забава е уредена како дневна соба во која корисниците ќе можат да уживаат во користење на напредни услуги и решенија и да се забавуваат. Кај уредите и услугите, новина е што ќе има и катче за лични консултации.

Во продавницата има и зелен еко ѕид, за прв пат во продавниците на Дојче Телеком. Ѕидот, освен декоративна, ќе има и практична функција, односно ќе служи за природно прочистување на воздухот.

„Веќе не е доволно да се понудат само услуги и сервиси. Навиките и очекувањата на корисниците се менуваат, еволуираат а ние одиме чекор понатаму за да одговориме на тие очекувања. Продавниците веќе не се само за купување на телефони и услуги, туку место за забава, дружење, шопинг, место на кое се добива вистинска поддршка и искуство. Со новиот концепт на продавници целта ни е да обезбедиме врвно корисничко искуство“. – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

На денот на отворањето на продавницата во City Mall – 11 ноември,  од 10:00 до 13:00 часот,  за корисниците ќе има специјална понуда на Samsung смартфони, за еден денар. За корисниците на Smart M, еден денар ќе биде Samsung J3 (2016), за Smart L, Samsung J5 (2017) и за корисниците на Smart Platinum – Samsung  S8+.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Toshiba се „спаси“ од парична казна за сметководствениот скандал

    Toshiba се „спаси“ од парична казна за сметководствениот скандал

    Јапонскиот технолошки гигант „Toshiba“ денеска најави дека Комисијата за хартии од вредност и берзите (SEC) во САД ја заврши истрагата на минатите сметководствени практики на…

  • Норвешки „Теленор“ казнет со 96 милиони долари поради монопол

    Норвешки „Теленор“ казнет со 96 милиони долари поради монопол

    Норвешките власти за заштита на конкуренцијата го казнија најголемиот телекомуникациски оператор во земјата „Теленор“ со 788 милиони норвешки круни, односно 96 милиони американски долари. „Теленор“…

  • „Етихад“ ќе ѝ позајми пилоти на „Емирејтс“

    „Етихад“ ќе ѝ позајми пилоти на „Емирејтс“

    Авиокомпанијата „Етихад“, со седиште во Абу Даби, ќе ѝ ги позајми своите пилоти на конкурентската компанија од Дубаи – „Емирејтс“. Компанијата од Дубаи ја потврди…

  • Фејсбук ќе го наплаќа членството во групите

    Фејсбук ќе го наплаќа членството во групите

    Популарната социјална мрежа Фејсбук го објави почетокот на пилот-проектот во кој ќе наплатува членство на Фејсбук групите. Пилот-проектот што започнува денеска ќе се применува на…

  • Chanel за прв пат ја откри својата финансиска моќ

    Chanel за прв пат ја откри својата финансиска моќ

    Познатата француска модна куќа „Chanel“, која облекува први дами, членови на кралско семејство и холивудски ѕвезди, ги објави полните финансиски резултати за прв пат, кои…

  • Глобална компанија се закани дека ќе го напушти Островот поради Брегзит

    Глобална компанија се закани дека ќе го напушти Островот поради Брегзит

    Производителот на патнички авиони „Airbus“ предупреди дека ако Велика Британија излезе од Европската унија без постигнат трговски договор, може да се премисли за долгорочната позиција…

  • Проблемите на Tesla се проширија и над нејзиниот соларен бизнис

    Проблемите на Tesla се проширија и над нејзиниот соларен бизнис

    Одлуката на производителот на електрични возила „Tesla“ да скрати 9% од работната сила драстично ќе ги намали вработените во нејзиниот соларен бизнис, кој таа го…

  • Летна Ембедед Школа на Сеавус

    Летна Ембедед Школа на Сеавус

    Студентите од техничките факултети од Македонија можат да се пријават на Летна ембедед школа Во тек се уписите за Летната ембедед школа организирана од страна…

  • Deutsche Telekom ќе затвори 10.000 работни места во својата подружница T-Systems

    Deutsche Telekom ќе затвори 10.000 работни места во својата подружница T-Systems

    Германскиот телекомуникациски оператор „Deutsche Telekom“ планира да затвори околу 10.000 работни места во својот главен партнер за услуги „T-Systems“, од кои 6.000 во Германија, соопшти…

  • Трговската војна сериозно ги погоди европските производители на автомобили

    Трговската војна сериозно ги погоди европските производители на автомобили

    Акциите на најголемите производители на автомобили во Европа драстично паднаа во раните утрински часови на денешната трговија, откако германски „Daimler“ предупреди дека нејзината добивка ќе…