19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ склучи кредитен договор со „UniCredit“ за 700 милиони евра

„Газпром“ склучи кредитен договор со „UniCredit“ за 700 милиони евра

„Газпром“ и италијанската банка „UniCredit“ склучиле кредитен договор во вредност од 700 милиони евра, соопштува компанијата. Во краткото соопштение на сајтот на гигантот се наведува дека средствата ќе бидат искористени за „општокорпоративни цели“ за период од пет години.

Руската новинска агенција ТАСС потсетува дека чистите обврски на „Газпром“ во првото полугодие расте со 19% до 2,29 илијарди милијарди рубљи (над 38 милијарди долари). Ова зголемување се објаснува со повеќе земени заеми.

Во почетокот на ноември компанијата одобри зголемување на средствата во инвестициската програма за оваа година. Се повеќе пари пренасочуваат за транзит на гас, вклучувајќи и за „Турски поток“.

Во текот на летото САД воведе нови санкции против Русија, во кои се вклучува и енергетскиот сектор. Уште тогаш од компанијата коментираат дека не очекуваат новите санкции да го ограничат нивниот пристап до меѓународното финансирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП