19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбезбедени 5,4 милиони швајцарски франци за рамномерен регионален развој

Обезбедени 5,4 милиони швајцарски франци за рамномерен регионален развој

Со потпишување на Меморандум во Владата на Република Македонија од страна на вицепремиерот за економски прашања, г. Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа г. Сухејл Фазлиу и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Техада, отпочнува имплементацијата на нов проект за поттикнување на рамномерниот регионален развој во државата, во вредност од 5,4 милиони швајцарски франци.

Најголемиот дел од средствата, 3,6 милиони, ги обезбедува Владата на Швајцарија, а 1,74 милиони швајцарски франци Владата на Република Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања Анѓушев истакна дека Меморандумот ја покажува посветеноста на Владата за поголема поддршка на рамномерниот регионален развој.

– Со спроведување на меморандумот за разбирање очекуваме пред се да постигнеме повисоко ниво на транспарентност и преглед на средства кои се распределуваат преку Владините програми за имплементација на проекти, а со тоа да добиеме и јасна слика колку средства во кој регион се вложуваат, што пак ќе придонесе кон идни чекори и планирањето на средства за рамномерен регионален развој – рече вицепремиерот Анѓушев.

Потпретседателот на Владата Анѓушев појасни дека меморандумот содржи три компоненти и појасни на како ќе се искористат средствата наменети за меморандумот.

Со имплементацијата на првата компонента, во вредност од 1.7 милиони швајцарски франци ќе се лоцираат и спроведуваат фондови за рамномерен регионален развој на транспарентен и предвидлив начин согласно степенот на развој на планските региони. Со тоа ќе се работи на унапредување на административната, законодавната и финансиската рамка во областа рамномерен регионален развој. Со оваа компонента ќе се воспостави систем за подобра координација, планирање, спроведување и мониторинг на средствата наменети за оваа област.

Со втората компонента во вредност од 600 илјади швајцарски франци ќе се опфатат активности кои ќе придонесат за тоа потребите и барањата на граѓаните, вклучително и на ранливите категории граѓани, систематски да бидат вклучени од страна на Регионалните совети во процесот на планирање на регионалниот развој.

Третата компонента во вредност од 2,7 милиони швајцарски франци директно ќе влијае на подобрување на работата на центрите за регионален развој во сите осум плански региони, особено во помалку рзвиените, за да ја подобрат својата ефикасност и ефективност. Преку оваа компонента ќе се поддржи креирање и спроведување на проекти од поголем обем и иновативни проекти.

Амбасадорката на Швајцарија, г-ѓа Сутер Техада истакна дека швајцарската Влада ја поддржува политиката на рамномерен регионален развој во Република Македонија од 2012 година и дека нема да застанат овде.

– Темелите се поставени, но ние не смееме да застанеме тука. Она што ни треба денес е политика која целосно го мобилизира потенцијалот на планските региони и го поттикнува нивниот развој. Денешните региони мора да размислуваат за тоа како да станат конкурентни играчи на глобалниот пазар, а најуспешни се оние кои успеале да ги интернационализираат нивните економии. Покрај натамошното зајакнување на капацитетите на институциите одговорни за регионалната политика, неопходно е алоцирање на буџетските средства според нивото на развој на планските региони. Потребна е поголема транспарентност, одговорност и учество на граѓаните во планирањето и спроведувањето на регионалниот развој – рече амбасадорката Сутер Техада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП